6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Standard Chartered Bank намален за 16 проценти

Профитот на Standard Chartered Bank намален за 16 проценти

B

Британската банка фокусирана на азиските пазари „Standard Chartered Bank“ соопшти дека минатогодишниот нето профит е намален за повеќе од 16 проценти.

Банката во 2013 година евидентирала нето профит од 3,99 милијарди долари, 16,65 проценти помалку во однос на 4,79 милијарди од 2012 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Заработката пред оданочување е намалена за 11 проценти на 6,06 милијарди долари. Претседателот на „Standard Chartered Bank“ Џон Пис изјави дека 2013 била година полна со предизвици за групацијата, како и за целокупната банкарска индустрија.

Банката наведува дека трошоците на име намалување на вредноста на кредитите се зголемиле за 35 проценти на 1,62 милијарди долари, со загуба од 12 милиони долари во Јужна Кореја.

„Standard Chartered Bank“ во ноември ја намали прогнозата за раст на приходите „за наредните неколку години“ на седум до девет проценти, во однос на првично очекуваните 10 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП