23 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапите звучници во светот

Најскапите звучници во светот

zvu3

Љубителите на музиката кои сакаат да го имаат најубавиот звук кој светот моментално може да го понуди, при самиот поглед на „Hart Audio’s D&W new Aural Pleasure“ престануваат со калкулациите и размислувањата за економската криза.

zvu2

Дизајнот на овие звучници е инспириран од големото ѕвоно кое се наоѓа на Биг-Бен, а се произведуваат во бронза, сребро и злато од 18 карати, за да се постигне што подобра амплификација. Округлиот дизајн и древната технологија на акустиката на ѕвоното, им даваат можност на овие звучници на корисниците да им пружат перфектно аудио доживување. Секоја звучна кутија е тешка по 50 килограми и тоа без техничките компоненти кои се наоѓаат внатре во неа, а фактот дека е обликувана рачно, овој производ го прави уникатен. За лиењето била задолжена британската компанија „Basingstoke“, која е специјализирана за лиење на уметнички склуптури.

zvu1

„Hart Audio’s D&W new Aural Pleasure“ се состои од три посебни звучници со држач кој овозможува да се подесува висината на која ќе стои звучната кутија. По препорака на производителот, поради постигнување на најдобри перформанси, звучниците треба да се постават во аглите на просторијата.

zvu4

Овие звучници се произведени во 99 бронзени и 5 сребрени примероци, додека пак, 18-каратниот златен комплет е произведен само во еден примерок. Така, богатите љубители на музиката, на кои луксузот им се наоѓа пред се друго, за ова задоволство ќе мораат да одвојат 3 милиони фунти. За сребрената едиција ќе ви бидат потребни 200.000 фунти, а за бронзената „скромни“ 40.000 фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП