
Италијанскиот бренд за накит „Damiani“ ја претставува својата нова колекција која добива инспирација од прекрасното ѕвездено небо…


Италијанскиот бренд за накит „Damiani“ ја претставува својата нова колекција која добива инспирација од прекрасното ѕвездено небо…
Името на оваа колекција е „Via Lettea“, што на италијански значи Млечен Пат, а нејзиниот уникатен дизајн го опишува величенственото ѕвездено небо, со својата комуникација со белото, розевото и жолтото злато. Ова злато е комбинирано со бели, кафени и сиви дијаманти, кои се спојуваат во единствен дизајн. Со своето прекрасно злато и дијаманти, накитот од оваа колекција потсетува на ѕвездите кои треперат на ноќното небо.
„Via Lattea“ колекцијата се состои од прстени, обетки и нараквици, кои се направени со фокусирање на префинет дизајн и внимание посветено на деталите. Секое драгоцено парче од оваа колекција на луксузен накит е сведок на сјајната работа на „Valenza“ мајсторите и нивните вештини во користењето на префинетите производни техники.
Колекцијата ви претставува прекрасен прстен кој е окарактеризиран со светлина и волумен и во кој белото злато се наоѓа во совршена синергија со белите дијаманти, жолтото злато со сиви дијаманти и така креира совршен и волшебен ефект на ѕвездено небо. Исто така, достапни се и обетки и нараквици, во исти комбинации, кои вашиот изглед совршено ќе го потполнат.







