8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанските емигранти се помалку се во можност да им испратат пари на...

Албанските емигранти се помалку се во можност да им испратат пари на своите семејства во Албанија

novcanik1

Економската криза што ги погоди Грција и Италија зададе тежок удар врз заработувачката на илјадниците албански емигранти во овие две земји, при што голем дел од нив останаа без работа.

Тоа, се одрази и врз парите кои емигрантите ги испраќаат на нивните најблиски во Албанија, а кои во последните години континуирано опаѓаат. Официјалните податоци потврдуваат дека лани емигрантите испратиле 600 милиони евра.

– Во 2007 година средствата на емигрантите достигнаа 937 милиони евра,  а лани паднаа на околу 600 милиони. Тоа значи дека тие се намалиле за една третина. Податоците од пописот на населението говорат дека во периодот 2010/2011 година, само од Грција во Албанија се вратиле околу 17.000 емигранти. Имајќи ја предвид кризата во Грција оваа бројка на повратници е мала, бидејќи емигрантите преферираат да останат во земјата каде што емигрирале, се додека не добијат поволни услови во нивните родни места, вели Илир Гедеши експерт од албанскиот Центар за економски и социјални студии.

Тој нагласува дека иако добар дел од семејствата на емигрантите остале без ниту еден вработен член, сепак не се решаваат да се вратат во Албанија, бидејќи не гледаат никаква можност да најдат работа во родниот крај.

Експертите предупредуваат дека поради последиците од кризата кои ќе се чувствуваат подолг период, албанската Влада треба да почне со мониторинг и преземање конкретни мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП