5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAndroid го надмина iOS како најпопуларна платформа кај таблетите

Android го надмина iOS како најпопуларна платформа кај таблетите

ipad-android-windows-8-tablet-pc

„Android“ веќе е најпопуларниот оперативен систем и кај таблетите. Платформата на „Google“ го надмина досегашниот лидер „iOS“ во вкупната продажба на овие уреди во 2013-та година, покажува анализата на „Gartner“.

Минатата година се продадени вкупно 121 милиони „Android“ таблети, наспроти 53.3 милиони во 2012-та година. Во 2013-та година се продадени 70.4 милиони „iOS“ таблети, наспроти 61,5 милиони од една година порано, покажуваат податоците на „Gartner“.

Утешна вест за „Apple“ е дека компанијата се уште е единствен лидер во рангирањето на производителите, бидејќи само таа нуди „iOS“ таблети. „Android“ уредите сепак се продаваат од десетици производители. „Samsung“ се рангираше на второто место со 37.4 милиони продажби. На трето место е „Asus“ со 11 милиони продадени таблети. „Amazon“ и „Lenovo“ ја затвораат првата петорка односно со 9,4 милиони и 6,5 милиони продажби.

Далеку назад остануваат „Windows“ таблетите. Во 2013-та година се продадени едвај 4 милиони такви уреди, но сепак растот е прилично пристоен спрема 1,2 милиони во 2012-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП