29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеталург го промовира Борозан

Металург го промовира Борозан

Borozan

Ракометниот репрезентативец на Црна Гора и до скоро играч на Карловац, Вуко Борозан во следните две и пол години ќе го носи дресот на македонскиот клуб Металург.

На денешната прес конференција Борозан беше претставен како ново засилување, кое игра на позицијата лев бек, но кое тренерот Лино Червар ќе може да го користи само во натпреварите од СЕХА лигата и во домашното првенство (Супер лига) и домашен куп.

Најновото засилување на „металурзи“ искажа задоволство од можноста да настапува во клубот кој е предводен од Лино Червар.

– Чест ми што доаѓам во клуб што игра во Лигата на шампионите и големо задоволство што ќе можам да работам со Лино Червар.

Од тимот ги познавам мојот поранешен играч од Карловац, Лука Циндриќ и колегата од репрезентацијата Раде Мијатовиќ, рече 20-годишниот Борозан.

Во тековното првенство на Хрватска Борозан постигна 79 гола од 147 обиди, од нив дури 68 гола со удари од зад линија која означува 9 м.

Во Металург Борозан ќе настапува во дресот со број 34.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП