7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈанакиeски: Со урбанизацијата нови локации за куќи

Јанакиeски: Со урбанизацијата нови локации за куќи

janakieski

Голем потенцијал за урбанизација на локации за куќи има во Битола, на просторот на поренешната касарна, во општините Гази Баба и Илинден, а се планира изградба на голем број куќи и со последниот проект „Сончев град“.

Тоа го истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

Според Јанакиески, има голем напредок во урбанизацијата на локации за куќи, а натамошно стимулирање во тој процес ќе овозможат новите поволности од владиниот проект „Купи куќа-купи стан“.

– Тоа е е одлична мерка за натамошно стимулирање изградба на куќи.  За стимулирањето на урбанизацијата на куќите во последните години се одржани повеќе средби со градоначалниците, рече Јанакиески.

Во коментар на спроведувањето на процесот за легализација на бесправно изградени објекти, министерот за транспорт информира дека од крајот на декември управната инспекција спроведува интензивни контроли за да се види  колку се почитуваат законските рокови од страна на општините за постапување по предметите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП