28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроект за зајакнување на финансиското управување и на внатрешната финансиска контрола

Проект за зајакнување на финансиското управување и на внатрешната финансиска контрола

finance3

Четириесет локални самоуправи, меѓу кои и Градот Скопје во изминатите две години преку твининг проект работеa на зајакнување на финанското управување и на јавната внатрешна финансиска контрола.

Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС Коце Трајановски, задоволен од спроведувањето на проектот, кој според Јос Наут, проект менаџер, големите општини предничат во однос на имплементацијата, а за малите порачува нивно спојување во извршувањето на функциите на финансиите, сметководството и внатрешната ревизија.

– Со овој проект се врши децентрализацијата во одговорноста на управување. Ако претходно целокупното управување преку градоначалникот или секретарот на Градот Скопје, сега таа одговорност е преку овластување спуштено  на сектор, зашто сега со ова планирање секој сектор има свој финансиски буџет и своја одговорност. Се гледа што повеќе луѓе да бидат одговорни за оние делови во кои работат. На овој начин се придонесува на смалување на ризиците во финансикото управување во ЕЛС, рече Трајановски, додавајќи дека ќе се продолжи и натаму со зајакнување на овој сектор за внатрешна јавна финансиска контрола и ревизија.

Во Градот Скопје, како што истакна, претходно  финансиската внатрешна контрола не беше многу рзвиена. Од 2005 година се направени големи напори со што од еден внатрешен ревизор во 2009 година, сега има 10 кои вршат финансиска контрола и ревизија на целокупната администрација на секој секор пооделно во Градот Скопје, главните културни институции, и на јавните претпријатија.

Според Наут, проблем е кога општините не можат да ги намират своите обврски и имаат блокирани сметки и порачува добро планирање кое треба да биде поделено меѓу централната и локалната власт, односно одговорноста да биде и на централно и на локално ниво. – Само добро планирање на буџет би имале една постабилна состојба, рече Наут и додаде дека Македонија ќе успее имајќи предвид дека добро се движи на патеките на макроекономските планирања и проекции, рече Наут.

Во проектот беа вклучени и 25 институции на централно ниво. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески посочи дека меѓу резултатите од проектот е значително подигнатата менаџерска одговорност, степенот на делегирање на овластувањата, а Македонија, како што рече на денешната Конференција по повод завршувањето на Твининг проектот, е еден од лидерите во регионот и пошироко во спроведување на овие реформи.

– За Република Македонија останува приоритет развојот на систем за стабилно финансиско управување и контрола и независна внатрешна ревизија како дел од реформите во управувањето со јавните финансии. Република Македонија веќе докажа дека гради систем на јавна внатрешна финансиска контрола согласно меѓународните стандарди и најдобрите практики на ЕУ, рече Ставрески.

Градењето на овој систем почна со донесување на Законот за внатрешна ревизија во јавниост сектор во 2004 година и Законот за јавна внатрешна финансиска контрола од 2007 година, а продолжи со донесувањето на новиот Закон за јавна внатрешна финансиска контрола од 2009 година и подзаконските акти што произлегуваат од него.

Процесот на зајакнувње на финансиската контрола е отпочнат и се спроведува преку развој и примена на принципите на децентрализрана одговорност на раководството и воспоставување функционално независна внатрешна ревизија.

Вицепремиерот потенцира дека целта на овој процес е изградба на систем кој ќе гарантира разумно користење на јавните средствакако и спречување неправилност, сомнежи за измами и корупција.

Проектот е финансики поддржан од ЕУ, а се спроведуваше преку Министерството за финансии и ЗЕЛС. Почна на 23 февруари 2011 година со буџет од 1,4 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП