19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧешка: Историска невработеност

Чешка: Историска невработеност

nevrabotenost

Стапката на невработеност во Чешка, пресметана според старата методологија, надминала десет проценти во јануари, предупредија аналитичарите.

Историски најголемата невработеност била забележана во текот на големата економска криза во 1933 година, кога стапката била поголема од 21 процент.

Според новата методологија, која го утврдува бројот на невработени според бројот на населението, невработеноста во Чешка во јануари 2013 година е зголемена на 8 проценти, што е за 0,6 процентни поени повеќе од истиот месец во минатата година.

Старата методологија, која беше користена до 2012 година, ја мереше невработеноста во однос на работоспособното активно население и затоа процентниот удел е поголем.

Според најновите податоци, оваа година се очекува стабилизација на пазарот.

Тоа го покажа и неодамнешната анкета која беше спроведена помеѓу директорите на најголемите компании во Чешка, од нив, една третина објавила дека има потреба од нови работници, една третина дека ќе отпушти неколку работници, а една третина дека нема да го промени бројот на сопствените вработени.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП