3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung Gear Fit e најдобриот мобилен уред на MWC

Samsung Gear Fit e најдобриот мобилен уред на MWC

fit galaxy

Според оценките на „GSMA“ огранизацијата, „Samsung Gear Fit“ е најдобриот мобилен уред претставен на Светскиот мобилен конгрес во Барселона.

„Samsung Gear Fit“ е препознат како еден од најиновативните и најкреативните производи на „MWC 2014“, a наградата најдобар мобилен уред традиционално се доделува во последните денови од саемот.

„Samsung Gear Fit“ e првиот закривен „Super AMOLED“ преносен уред. „Gear Fit“ ја нуди „Samsung Gear“ технологијата за фитнес алатки, нудејќи им на корисниците да бидат физички активни, а притоа да не го жртвуваат личниот стил или мобилната поврзаност.

„Samsung Gear Fit“ е дизајниран да одговара на секоја рака на корисникот и нуди многу повеќе од обична фитнес-лента, затоа што иако корисниците се постојано во движење, постојано добиваат известување од „Galaxy“ смартфонот, како што се повиците, електронската пошта, „SMS“ пораките, алармот и други апликации.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП