27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција очекува мал раст во првиот квартал

Франција очекува мал раст во првиот квартал

francija

Француската економија во првиот квартал од оваа година најверојатно ќе забележи мал раст, од 0,1 проценти, се вели во извештајот на Централната банка.

Во последниот квартал од 2012 година активностите се намалија за 0,1 проценти. Во третиот квартал од 2012 година, економијата се зголеми за скромни 0,1 проценти, додека во вториот квартал се намали за 0,1 проценти.

Истражувањето на централната банка покажа дека индексот на деловната довеба во индустријата во јануари се зголеми на 95 поени, од 94 поени кои беа забележани во декември.

Економистите очекуваа пад на индексот на 93 поени. Деловното расположение се подобри веќе втор месец по ред.

Индексот на доверба во секторот за услуги се задржа на ниво од 90 поени. Се очекува во февруари, производството и услужниот сектор да забележат напредок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП