6 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНовиот луксузен Chanel J12 Moonphase часовник (фото)

Новиот луксузен Chanel J12 Moonphase часовник (фото)

hy77

Новиот „J12 Moonphase“ часовник е најновото ремек дело на популарниот луксузен бренд „Chanel“…

Тоа е часовник кој веќе ги освои срцата на многумина, достапен ексклузивно во една големина со пречник од 38мм. Овој часовник на свој начин ги реинтерпретира класичните мотиви и ја нагласува прецизноста на употребата на керамика.

Инспириран е од фазите на месечината и ноќното небо. Неговиот свеж изглед, престижот на брендот и деталите во вид на дијаманти го трансформираат овој едноставен рачен аксесоар во ексклузивно парче накит.

Инаку, овој драгоцен часовник го дизајнираше уметничкиот директор Жак Хелу, а првобитно е дизајниран во форма на мали колекции на „hi-tech“ црни и бели керамички часовници. Овој бренд остана и понатаму посветен на својата монохроматска филозофија и со ова ново престижно ремек дело.

На бројчаникот на новиот часовник постои и мал бројчаник кој е всушност индикатор на фазата на месечината. Достапен е во бела и црна верзија, со или без украсни дијаманти. Верзијата која е декорирана со дијаманти има и цена која зборува за ексклузивноста, 24.300 долари.

hy771

hy772

hy773

hy77

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП