Групацијата Триглав во 2013 година продолжи да ја реализира својата стратегија, која што се темели на фокусирање на основната дејност на осигурување, профитабилност и сигурност во работењето. Групацијата Триглав и покрај тешките економски и финансиски услови во 2013–та работеше добро.
Групацијата Триглав го задржа високото ниво на профитабилност и финансиска стабилност, што беше потврдено и од страна на агенциите за проценка на бонитет, „Standard & Poor’s“ и „A.M. Best“, кои Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре ја оценија со бонитетна оцена „А-“, со стабилна среднорочна прогноза.
Проценетиот деловен резултат на Групацијата Триглав пред оданочување изнесува 83,6 милиони евра, што е 7% пониско во однос на 2012 година, а воедно 21% над планираното. Проценетиот нето деловен резултат на Групацијата Триглав изнесува 69,9 милиони евра, што во однос на 2012-та претставува пад од 5%, но е 27% над планираното.
Продолжувањето на економската криза и понатаму влијае на обемот на фактурирана премија од осигурување на Групацијата Триглав, која според првите оцени изнесува 900,9 милиони евра и, споредено со 2012 година, е за 4% пониска.
Постигнатиот комбиниран количник, со кој се мери успешноста на осигурителната компанија во нејзината основна дејност, на ниво на Групацијата Триглав е оценет со вредност од 91,0% што е за 3,7 процентни поени подобро од планираното. Оценетата рентабилност на капиталот на Групацијата Триглав изнесува 12,0%.