28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony затвора 20 продавници во САД

Sony затвора 20 продавници во САД

sonycompanysony58ooko

Јапонскиот гигант во областа на електрониката „Sony“ соопшти дека ќе затвори 20 американски малопродажни продавници во рамките на програмата за реструктуирање.

Компанијата наведува дека по овој потег во САД ќе останат 11 малопродажни продавници, меѓу кои најголемата е во Њујорк, пренесува агенцијата АП.

„Sony“ претходно овој месец најави укинување на 5.000 работни места на глобално ниво.

„Иако овие потези се многу тешки, тие се апсолутно неопходни за да можеме најдобро да му се посветиме на растот во иднина“, изјавi Мајкл Фасуло, претседател на „Sony“.

„Уверен сум дека можеме да спроведеме успешни промени за подобра иднина и да продолжиме да бидеме посветени на лојалните купувачи со понуда каква што има само „Sony“, наведуваат од комапнијата.

„Sony“ неодамна предупреди дека очекува годишна загуба од 1,08 милијарди долари, наведувајќи дека оваа година ќе се повлече од пазарот на персонални компјутери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП