29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПенкало кое ќе ја „намали неписменоста“

Пенкало кое ќе ја „намали неписменоста“

penkalo1

Двата нови модели на технолошки напредното пенкало „Lernstift pen“, во март ќе бидат во продажба, а нивниот производител изјави дека овие модели ќе ја намалат неписменоста, или барем дека ќе го искоренат лошиот ракопис.

Пенкалото „Lernstift pen“ е произведено со сензори кои се осетливи на допир, и во моментот кога го користите, тоа го поправа вашиот ракопис и неправилните зборови. Оперативниот систем кој е вграден во пенкалото содржи низа од правописни правила кои се применуваат при пишувањето, наскоро во продажба ќе биде и моделот со „Wi-Fi“ конекција.

За сега, постојат само два модели, калиграфски и правописен, а и двата модела во случај на напишана грешка вибрираат.

Според соопштението на германската компанија која ги произведува, калиграфскиот модел е наменет за нечитливи или погрешно напишани букви. Правописниот модел започнува да вибрира кога станува збор за погрешно спелување или некоја правописна грешка.

Иако станува збор за модел кој велиме дека ќе ја намали неписменоста, сепак, ова пенкало со вибрирање не предупредува за напишаната грешка, но не ни нуди алтернатива или соодветно решение.

Од компанијата наведуваат дека работат и на тоа, во иднина паметните пенкала ќе ни нудат и соодветно решение за грешката која сме ја напишале.

Цената на пенкалото сеуште не е утврдена, но од компанијата најавија дека за неговото производство се потрошени од 50 до 80 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП