10 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКолевка од чисто злато (фото)

Колевка од чисто злато (фото)

Suommo-Dodo-solid-gold-bassinet-e1393383073184

Кога размислувате за бебиња, сигурно размислувате и за колевки и за сите други работи кои се неопходни за бебињата, но сигурно не сте размислувале на колевка од чисто злато…

Уникатна шпанска компанија се обидува да го промени тоа размислување со креирање на луксузна колевка за бебе, од чисто злато, вредна 16,5 милиони долари, по име „Bany Suommo“. Како што наведуваат претставниците на оваа компанија, само со употреба на 24-каратно злато не може да се достигне овој специфичен облик на колевката. Постелнината која се наоѓа во неа во потполност одговара на материјалот од кој е направена надворешноста на колевката и во прашање е најквалитетна свила со шампањ нијанса.

Suommo-Dodo-solid-gold-bassinet-e1393383073184

Ова не е само обична колевка за бебе во која тоа ќе помине неколку месеци од животот, оваа колевка е замислена да биде дел од престижното семејно наследство. Инаку оваа колевка е направена од дури 48 килограми чисто и цврсто злато, а како стигнале до цена од 16,5 милиони долари сеуште не се знае, бидејќи 48 килограми злато не чинат толку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП