1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМажите сакаат „Самсунг“, а жените „Епл“

Мажите сакаат „Самсунг“, а жените „Епл“

Design

Истражувањето кое е спроведено со цел да се утврди кои мобилни брендови ги сакаат машкиот и женскиот пол, дошло до резултати кои не се премногу изненадувачки.

Анкетата спонзорирана од компанијата „КС Мобил“, меѓу другото, имала за цел да открие и дали постојат одредени преференции кога станува збор за половите.

Речиси 45 отсто од жените изјавиле дека производител на нивните омилени смартфони е „Епл“, кој бил доминантен во секој регион на САД.

Единствено кај групата жени на возраст од 40 до 49 години оваа компанија не била супериорна, бидејќи 36 отсто од нив се одлучиле за „Самсунг“.

Кога се во прашање мажите, тие го сакаат Самсунг, поточно „Галакси“ наспроти „Ајфон“.

Единствено мажите на возраст меѓу 50 и 59 години повеќе би сакале да имаат „Ајфон“ во своите раце.

Не е големо изненадување што со листата доминираат овие два бренда, меѓутоа еден статистички податок би можел да им влее надеж и на останатите, а тоа е дека 25 отсто од 1.000 испитаници изјавиле дека немаат омилена марка на смартфон. Поточно 27,3 отсто од мажите и 23,7 проценти од жените. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП