3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Амазон“ сепак ќе гради свој центар во Чешка

„Амазон“ сепак ќе гради свој центар во Чешка

amazon

Локалната самоуправа на чешкиот град Брно го надмина спорот во врска со изградбата на логистички центар на најголемата светска интернет продавница „Амазон“ во Чешка.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, инвестицијата која според најавените ќе овозможи отворање на повеќе од илјада работни места, претходно беше доведена во прашање заради спор во врска со предложениот пристап до индустриската зона, како и несогласувања околу продажбата на градежното земјиште.

„Создадени се поволни услови не само за инвеститорот, туку и за градот. Сега е ред на ,,Амазон” да се изјасни дали има интерес да инвестира и јасно да каже дека 1.500 работни места ќе им служат на граѓаните на Брно односно на Чешка, бидејќи 1.500 вработени од Балканот нема да ја решат невработеноста во земјата“, изјави еден од општинските советници Либор Штастка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП