20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesla Motors започна мега проект

Tesla Motors започна мега проект

teslamotorstestes25

Американската компанија „Tesla Motors“ разгледува локации во Невада, Аризона, Њу Мексико и Тексас за изградба на голема фабрика за акумулатори во која ќе бидат вработени околу 6.500 лица.

Компанијата која се занимава со производство на електрични автомобили, со седиште во Пало Алто, Калифорнија, планира да започне со изградба на фабрика оваа година и таа да биде завршена до 2017 година.

„Tesla Motors“ очекува новата фабрика да испорачува доволно акумулатори за вкупно 500.000 автомобили, колку што компанијата се надева дека ќе произведе до 2020 година.

Компанијата „Tesla Motors“ и нејзините партнери, меѓу кои е и „Panasonic“, ќе инвестираат околу четири или пет милијарди долари во новата фабрика, која со акумулатори треба да ги снабдува фабриките на „Tesla“ за склопување на автомобили во Фримонт, Калифорнија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП