16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботата Британците ги прави ноќни птици

Работата Британците ги прави ноќни птици

son1

Да се „исклучите“ после напорниот работен ден навистина е тешко, а истражувањата покажаа дека поради работата Британците се будни и во текот на ноќта.

Истражувањата покажаа дека дури и кога ќе заспијат, една третина од нив ја сонуваат работата најмалку два пати неделно. Експетрите потврдуваат дека станува збор за последица од економската криза која насекаде остави големи траги, а некаде сеуште не може ни да се искорени, поради неа, луѓето стравуваат за својот опстанок и егзистенција, се плашат како ќе успеат да ги платат месечните сметки и дали ќе им останат пари за да се прехранат, затоа на работа го вложуваат својот максимум, а во најчест случај тие ја префрлаат работата и во својот дом, но и во својот сон.

Освен тоа, четири од десет луѓе стануваат во раните утрински часови, неможејќи да спијат, бидејќи се загрижени за нешто што се случило на работното место.

Истражувањето, кое беше спроведено на 3,000 возрасни луѓе во Британија, вели дека најчеста причина за немирните ноќи е преоптеретувањето со работата, додека, половина од испитаниците за клучен проблем ја посочиле и тешката економска состојба.

Во истражувањето се вели дека доволното количество на сон е директно поврзано со работната способност и здравјто, затоа најчесто луѓето кои не спијат доволно потфрлуваат во своите бизнис резултати и многу често се разболуваат.

Заклучокот од истражувањето е дека речиси две третини од испитаниците кои се пожалиле на проблеми со спиењето поради оптеретеноста со работата, би го надминале овој проблем доколку ја работат онаа работа која навистина ја сакаат.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП