4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКои видови тестови се користат при вработување?

Кои видови тестови се користат при вработување?

J

Имате добро CV и мотивационо писмо, добри препораки, повикани сте на разговор, одлично се снаоѓате на интервјуто, меѓутоа постои уште една “пречка” која ве дели од работното место за кое сте аплицирале.

Тестирањето на Вашите способности, интелегенција и квалификации, на работодавачот целосно му ја оформува сликата за Вас и притоа може да донесе конечна одлука. Всушност, преку процесот на тестирање, го потврдувате тоа што сте го навеле во Вашата кратка биографија и сте го разговарале на интервјуто.

По дефиниција, тестирање при вработување е пракса на администрирање пишани, усни или други тестови како средство за утврдување на соодветноста или желбата на кандидатот за вработување. Премисата е тоа дека ако резултатот на тестот е во корелација со бараните перформанси на работното место, тогаш е економски оправдано за работодавачот да селектира кандидат, базирајќи се на резултатот од тестирањето.

Тестирањето може да го врши интервјуерот, член на секторот за човечки ресурси, менаџерот или друго овластено лице (психолог) за спроведување на тестирање. Работодавачите често користат комбинација од повеќе видови тестови:

 

1.       Проценка на перформансите

Преку тестирањето на перформансите се дознава дали апликантот може да ги врши работните задачи, согласно работното место за коешто аплицира. Тестовите одразуваат реални работни задачи, кои кандидатите треба да ги извршат. Тоа се отворени прашања, временски ограничени, на кои кандидатите одговараат со цел да ги докажат своите способности. Најважно прашање на овие видови тестирања е: Како би го решиле овој проблем?

 

2.       Тестови на интелегенција

Тестовите на интелегенција и мерење на когнитивните способности се доста користени. Како најчесто применувани тестови се: Векслеровиот индивидуален тест на општа интелегенција (VITI), Кибернетичката батерија на тестови на интелегенција (COG 3), Равеновата матрица и други тестови за вербално и нумеричко расудување.

Во поново време, покрај овие тестови за мерење на општа интелегенција, се користат и други видови алатки за процена на личноста, како: BELBIN team inventory – ја проучува типологијата на личноста и неговата улога во тимот; THOMAS – алатки за проучување на идентитетот; HOGAN inventory – тестови кои го предвидуваат работниот учинок и ја насочуваат кариерата.

 

3.       Тестови за познавање на работата

Работодавачите применуваат вакви тестови кога кандидатот е потребно да поседува определено специјализирано или техничко знаење, согласно со работната позиција, пред да биде вработен. Ова тестирање најчесто се применува во дејности како: компјутерско програмирање, правни работи и финансиски менаџмент.

 

4.      Тестови за процена и расудување на ситуација

Овие тестови служат за предвидување на успехот на потенцијалниот вработен, мерејќи ги атрибутите: решавање на проблем, услужна ориентираност и стремеж за остварување. На кандидатите им е претставено реално хипотетичко сценарио и тие одговараат на прашањето: “Како би постапиле во оваа ситуација?”, со избор на еден од повеќето понудени одговори. Одговорите се бодуваат според нивото на ефективност. Овој тип на тестови се најпопуларни во дејностите, како: продажба на мало, трговија и угостителство.

 

5.       Тест за познавање на компанијата

Најчести прашања од овој тип се поставувани за време на интервјуто. Преку нив, работодавачот дознава колку сте запознаени со работењето, организацијата и производите на фимрата/компанијата.

 

6.       Тест за компјутерски вештини

Тестирањето на компјутерските вештини зависи од типот на работната позиција за која се аплицира. Спрема тоа, ќе зависи колкаво познавање на компјутерски вештини се очекува од Вас. Најчесто, се бара основно познавање на работа со компјутери, вклучувајќи го тука популарниот пакет на Microsoft Office.

 

7.       Тест за познавање на странски јазици

Денес, ретко може да се види оглас каде не се бара познавање на барем еден странски јазик. Работодавачите го тестираат Вашето познавање на странски јазици преку усна конверзација или преку пишани тестови, каде најчесто се тестира граматиката и вокабуларот. Исто така, можат да се применат и тестови на слушање и тестови на читање.

 

Агенција за привремени вработувања Анторис

www.antoris.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП