12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА54 % од Грците не можат да ги платат сметките

54 % од Грците не можат да ги платат сметките

gr21

Неплаќањето на сметките и заостанатите долгови со зголемени кaмати се дел од секојдневието на Грците, на кои, личните приходи им се намалени за 38 проценти во последните три години од економската криза.

Околу 60 проценти од жителите на Грција кои учествуваа во анкетата, која ја спроведе грчката агенција за оценување на јавното мислење „Марк“, изјавиле дека ја потрошиле целата заштеда, а една третина од нив дека имаат позајмени пари кои треба да им ги вратат на своите роднини и пријатели.

Две третини од грчките домаќинства, според податоците на истражувањето, имаат годишен приход помал од 18.000 евра.

Овој податок треба да се земе со резерва, со оглед на фактот дека даночното затајување и работењето на црно земаа замав во оваа држава.

Речиси 40 проценти од грчките домаќинства, како што се наведува во истражувањето, не биле во состојба во изминатата година да ги покријат тековните трошоци, или да ги платат даноците или да го исплатат долгот од кредитната картичка.

Во текот на 2013 година, нешто повеќе од половина, односно 54 проценти од испитаниците, изјавиле дека не веруваат дека ќе бидат во состојба да ги подмират сите долгови.

Половина од анкетираните грчки граѓани не се во состојба да ги плаќаат моменталните  даноци, а грчката влада веќе има изготвено нова даночна стапка, со цел да ја пополни огромната дупка во буџетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП