26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеталург против Колдинг, Вардар со Хамбургер во 1/8 финалето од ЛШ

Металург против Колдинг, Вардар со Хамбургер во 1/8 финалето од ЛШ

Rakomet

Македонските екипи кои учествуваат во Лигата на шампионите денеска по жрепката во Виена ги добија своите противница за осминафиналната фаза.

Шампионот Вардар ќе игра против европскиот првак Хамбург (Германија), додека вицепрвакот Металург за ривал ја доби данската екипа Колдинг.

Двојките за другите шест 1/8финални пресметки се: Висла – Веспрем, Мотор Запорожје – Кил, Алборг – Барселона, Горење – ПСЖ, Цеље – Флензбург и Киелце – Рајн Некар Ловен.

Првите натпревари се играат од 19 до 23 март, а реваншите се на програмата од 26 до 30 март.

Македонските претставници првите две средби ќе ги играат на домашен терен поради послабиот пласман во групната фаза од своите противници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП