3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSeavus објавува бесплатна обука за Јаva инженери

Seavus објавува бесплатна обука за Јаva инженери

seavus header

Во период  од  март до мај 2014 година, групацијата Seavus организира бесплатнa обука во своите простории, за Јаva програмскиот јазик.  Seavus Oracle дивизијата ги поканува студентите од сите технички факултети во Македонија, дипломирани или апсолвенти, да аплицираат за оваа обука и да ја искористат можноста да ги усовршат своите вештини и да бидат препознаени како Јаva експерти.

Како што велат од Seavus, ова е повик за сите студенти кои сакаат да го премостат јазот помеѓу академијата и бизнисот, да ги унапредат и усовршат своите професионални вештини.
Обуката ќе трае 18 дена со 4 часовни сесии на интерактивни предавања и практични вежби , кои ќе бидат одржани од страна на експерти од оваа област во Seavus.

Учесниците ќе добијат шанса да научат и применат најразлични концепти на објектно-ориентирано програмирање во Јаva програмскиот јазик, форматирање и парсирање, развој, конфигурација и поставување на апликации со користење на Javac, Java команди и JAR датотеки, како и развој и користење на JavaServlest итн.

На крајот од обуката учесниците ќе добијат можност да се вработат и понатаму да ја развиваат својата кариера како дел од Seavus Oracle тимoт.
Учесниците на курсевите ќе бидат избрани преку тестирање за основи на програмирање и англиски јазик. Обуката започнува на 25.03.2014, a пријавувањето трае до 07.03.2014.

Со ова Seavus ја продолжува традицијата на општествено одговорна компанија која пренесувајќи го своето светско знаење и искуство вложува во развој на идните ИТ инженери во Македонија.

Аплицирањето се врши на следниот линк:  http://jobs.seavus.com/.

ded

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП