21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРосицки и Мертезакер ја продолжија верноста со клубот

Росицки и Мертезакер ја продолжија верноста со клубот

Rosicky,mertesaker

Фудбалерот на Арсенал, Томаш Росицки, ја врза својата иднината со клубот, согласувајќи се на нов 12-месечен договор, пренесува „Дејли Меил“.

Чешкиот репрезентативец, чиј актуелен договор истекува во летото, ја покажува една од најпознатите врвни форми во кариерата и беше награден со продолжување на договорот.

Според новиот договор, Росицки ќе продолжи да добива иста плата, во износ од 4 милиони фунти, а како опција има и продолжување на договорот за уште една година.

33-годишниот Росицки беше еден од најзаслужните за импресивната победа на „топџиите“ со 4:1 над Сандерленд во саботата, кога круниса блескавата игра со прекрасен гол.

„Томаш Росицки ќе остане кај нас. Имаме договор со него и наскоро сето тоа ќе излезе на виделина. Јас сум „За“ дека тој треба да остане во клубот. Мислам дека е од типот на играчи кои знаат што да прават со топката, да продолжуваат да се движат и да бараат позиција. Тој и дава брзина на играта. Кога топката ќе стигне до него, тој како да вклучува во втора брзина и тоа е нешто, на што се восхитувам кај него“, коментира менаџерот на тимот Арсен Венгер.

Дефанзивецот на Арсенал, Пер Мертезакер, исто ја обврза својата иднина со клубот, потпишувајќи нов долгорочен договор, на тој начин лончончани во составот задржуваат две од најискусните ѕвезди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП