6 мај, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕКако годините влијаат врз плодноста на жените?

Како годините влијаат врз плодноста на жените?

Pregnant-woma

Женската плодност значајно се намалува по 32-та година од животот, а уште повеќе по 37-та година, порачуваат експертите.

– Оваа изјава не е никаков аларм или присила за жените. Исто така, не станува збор за тоа дека годините се единствената причина за потенцијалната неплодност. Всушност, не сакаме
жените да ги ограничуваме на години во кои „мораат“ да раѓаат. Единствено што сакаме е да им порачаме на жените се фактите и временската рамка за да можат самите да се организираат, порачува доктор Саманта Батс.

Иако ваквите пораки можат да делуваат како старосна дискриминација, експертите истакнуваат дека за тоа не станува збор.

Тие напоменуваат дека плодноста навистина е поврзана со возраста на жената и дека станува збор за чиста биологија.

Многу е полесно жената да остане бремена во раните, отколку во доцните 30-ти години, порачуваат експертите.

Жените кои го одложуваат мајчинството, сметаат научниците, секако би требало редовно да се грижат за своето репродуктивно здравје, а мораат да внимаваат и на исхраната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП