Познатата архитектка Заха Хадид соработувала со „Lalique“ брендот, врвен француски производител на кристали, при креирањето на величенствени вазни…
Нивната нова заедничка луксузна колекција се нарекува „Crystal Architecture“, а се состои од две луксузни вазни наречени „Manifesto“ и „Viso“.
„Manifesto“ е закривена и заоблена вазна со елегантна текстура, а „Viso“ е елегантна водена кула. Двете вазни имаат фантастични дистинктивни карактеристики и облици кои и пркосат на геометријата. Направени се од проѕирен и црн кристал, имаат флуидни линии и полирани завршни детали.
Заха Хадид е инаку многу позната во светот по својот иновативен пристап кој го користи во архитектурата во која инкорпорира природни форми, таа е голем љубител на иновативноста и луксузот кои се комбинирани во сите нејзини дела.
Добила бројни награди за своите дизајни и многу е позната во целиот свет. Овие вазни ќе бидат достапни како потпишани и специјални изданија во текот на месец април, а цената ќе им биде од 16.400 долари.