27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПреполовен профитот на Роснефт

Преполовен профитот на Роснефт

rosfnet profit141

Нето-профитот на руската нафтена компанија „Роснефт“ во 2013-та година, во споредба со претходната година, е намален за 54 проценти или на 136,3 милијарди рубљи (2,77 милијарди евра).

Како што соопшти компанијата, приходите, според рускиот систем на пресметување, лани пораснале за 36 проценти, на 3.544 милијарди рубљи.

Бруто профитот е зголемен за 21 процент или на 1.575 милијарди рубљи. Исто така се зголемени и административните и трошоците од продажбата и тоа за 29 проценти или на 1.347 милијарди рубљи.

Акциите на „Роснефт“ вчера пораснаа за 1,4 проценти и ја надминаа цената од 250 рубљи. На динамиката на котацијата можеа да влијаат, не само резултатите од работењето, туку и информацијата за големата трансакција.

„Роснефт“ соопшти дека својот удел во заедничката компанија „Јурагазпреработка“ ќе го продаде на компанијата „Сибур“. По завршувањето на трансакцијата која се проценува до две милијарди долари, „Сибур“ ќе стане стопроцентен сопственик на „Јурагазпреработка“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП