25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕCartier – Ballon Bleu луксузниот часовник (фото)

Cartier – Ballon Bleu луксузниот часовник (фото)

caca1

Луксузниот бренд „Cartier“ ни го претставува новиот прекрасен и луксузен часовник со син емајлиран бројчаник, „Ballon Bleu Flying Torubillon“…

„Cartier“ при дизајнирањето на овој часовник користел интересна „flingue“ метода за емајлирање, при што бојата за емајлирање се нанесува со злато или сребро, на претходно рачно гравираниот часовник со помош на деликатна четка. Овој процес се повторува најмалку четири пати, многу е тежок и долготраен, но, вреди за вложениот труд.

caca2

„Cartier“ рачниот механизам за навивање „caliber 9452“ поставен е во куќиштето со пречник од 39мм, направен e од бело злато. Механизмот има фрекфенција од 21.600 vph и има резервна енергија од 50 часови. Кога подобро ќе го погледнете, ќе го забележите познатото „Cartier“ „C“, кое е претставено на турбионата и базата на овој механизам. Ќе забележите и многу други елементи на декорот, а овој часовник го носи и Женевскиот печат на автентичност.

caca3

Стрелките се во форма на меч и се направени од челик. Часовникот има карактеристична „Cartier“ круна, декорирана со сини сафири. Ограничениот број од само 100 часовници, има каиш од темно сина алигаторска кожа, за да биде во тон со бројчаникот кој е минијатурно уметничко дело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП