20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАндроид доминира на пазарот на „паметни“ часовници

Андроид доминира на пазарот на „паметни“ часовници

smart

Оперативниот систем на компанијата Гугл, освен на мобилните телефони и таблет уреди, ја потврди својата доминација и на пазарот на паметни часовници.

Околу 61 отсто од сите паметни часовници продадени изминатата година работат на некоја од верзиите на Андроид оперативниот систем, покажува истражувањето на Стратеџи Аналитикс.

Сите останати оперативни системи заедно опфаќаат 39 проценти од пазарот.

Истражувачката компанија наведува дека во текот на минатата година испорачани се 1,9 милиони паметни часовници низ целиот свет, од кои 1,2 милиони се базирани на Андроид оперативен систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП