27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААфрика - локомотива на светската економија

Африка – локомотива на светската економија

afrika1

„Времето на Африка доаѓа“, вели Ендрју Вити, извршен директор на фармацевтската компанија „Glakso Smit Klajn“.

Вити, иднината на својата компанија ја гледа во растечките пазари и вели дека Африка ќе биде центарот на меѓународниот економски раст.

„Glakso Smit Klajn“ ги дистрибуира своите лекови во Африка, а веќе има фабрики во Гана, Кенија, Нигерија, Јужна Африка, Мароко и Алжир.

Зборовите на извршниот директор на „Glakso Smit Klajn“ најдобро можат да се потврдат со резултатите кои ги објави Светската банка во извештајот за перспективите на глобалната економија. Во тој извештај, Светската банка изјави дека растот на БДП во Африка продолжува и во 2012 година, со 4,6 проценти.

Во тој извештај се споменува дека доколку се изостави Јужноафриканската Република, растот на БДП во тој регион ќе изнесува 5,8 проценти во 2012  година, а речиси една третина од земјата забележала раст од најмалку шест проценти. Растот кој беше забележан во САД изнесуваше 2,2 проценти.

„Некои од големите економии со средната класа која се повеќе се зголемува, како што е Нигерија, Јужна Африка, Ангола, Кенија и Гана се повеќе ги привлекуваат инвеститорите, бидејќи потрошувачкиот сектор во тие земји брзо се зголемува“, се вели во извештајот на Светската банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП