27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКоњановски на сесија за договореното производство во Струмица

Коњановски на сесија за договореното производство во Струмица

konjanovski-zoran

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денеска ќе се обрати на работната сесија за договорено производство, што ќе се одржи во Домот на АРМ, општина Струмица.

Целта на сесијата е воведување на договореното производство, јакнење на дијалогот меѓу производителите и преработувачите и јакнење на вредносниот ланец на преработка на зеленчук на локалниот, регионалниот и меѓународниот пазар.

На средбата ќе присуствуваат претставници од Федерацијата на фармери, од Македонската асоцијација на преработувачи и земјоделци од струмичкиот регион. Предвидено е да се обрати и Андреја Секуловски, претседател на ФФРМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП