Сакате да уживате и да се опуштите оваа година? Сонувате за излежување покрај базен под високи палми?
Тогаш мора да ја погледнете оваа прекрасна луксузна бела куќа во Палм Спрингс, во Калифорнија.
„Palm Springs“ куќата има два ката и се наоѓа во пустински амбиент, во подножјето на Сан Јацинто планините.
Со поглед на планините преку соседните кровови, овој калифорниски дом вибрира од енергија. Отворено небо, планински видици, живи бои и прекрасно организиран простор, сето ова ќе ги исполни вашите очекувања за луксузот.
Боемскиот шик ги краси осветлените простории, нагласувајќи слободни и чисти линии на дизајн во целата куќа.