3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната зимска вила Muztagh (фото)

Луксузната зимска вила Muztagh (фото)

iv1

„Muztagh“ вилата, која се наоѓа на падините на Корчивела, не е само скијачки ресорт, туку и совршен луксузен дом за оние кои уживаат во зимата и Алпите…

Оваа е најголема од неколкуте независни вили кои се во сопственост на ексклузивниот хотел „К2“.

Вилата е приватна и скриена, но не премногу оддалечена од погодностите кои ви се потребни за уживање. Има свој персонал, приватен батлер и готвач, а многу близу се наоѓа и бутикот на хотелот кој ви ги нуди сите погодности кои можете да ги замислите.

Оваа всушнпост значи дека можете во потполност да се опуштите во вилата која е олицетворение на приватноста и интимниот амбиент, со луксузни погодности на дофат на раката.

Погледот од ова место навистина ќе ви го одземе здивот, без разлика дали сте на највисокиот кат или на терасата која оди околу целата вила.

Доколку повеќе сакате да го поминувате своето време внатре во вилата, забавата ви е загарантирана, бидејќи тука е затворениот базен, киното, па дури има и голем клавир.

Од својата сјајна локација, па се до ексклузивните погодности, вилата „Muztagh“ има се што ви е потребно за еден неверојатен зимски одмор.

iv2

iv3

iv4

iv5

iv6

iv7

iv8

iv9

iv10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП