19 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНеодоливи часовници за дами

Неодоливи часовници за дами

7

„Happy Sport“ на „Chopard“ е еден од најпопуларните луксузни часовници од спортската колекција за жени. Овој модел е дел од колекцијата работена за минатогодишниот Ден на заљубените и е направен во 500 примероци. Она што го прави необичен и впечатлив се трите срца, едно од дијамант а другите две од розе сафири како и пурпурниот каиш обложен со сатенска трака.

1

„Happy Sport Hearts“ е уште еден луксузен модел од „Chopard“ и може да биде идеален подарок за дама со стил. Направен е од нерѓосувачки челик, со пречник од 38 мм, има розе кожен каиш и внатре на бројчаникот две срца од дијамант и рубин.

2

„Ladybird Ultra-Slim Heart Watch“ на производителот „Blanpain“ е многу тенок, мал и ултра женствен модел, со пречник од само 21,5 мм. Во темата на Денот на вљубените овој часовник се вклопува благодарение на декорацијата на бројчаникот на кој има четри светло црвени рубини со облик на срце и осум ситни, округли дијаманти. Бројчаникот и елегантната нараквица се изработени од 18-каратно бело злато.

3

„Villeret Moonphase Saint-Valentin“, како и „Chopard“, брендот „Blancpain“ сака секоја година да го прославува Денот на вљубените со нови ограничени колекции на часовници за дами. Овој модел е произведен во 2011 година, со само 99 примероци пуштени во продажба. Она што го прави овој часовник посебен е и елегантната дрвена кутија, обложена со бела кожа, која оди во комплет со часовникот. Кутијата, покрај часовникот, содржи и кожно срце со мал џеб во кој се наоѓа клучот од бравата која се наоѓа на кутијата.

4

„Limelight Heart“ од „Piageta“ е феноменално парче накит и е најекстравагантен од сите модели. Часовникот е потполно прекриен со брилијанти кои имаат вкупно 21,9 карати. Освен брилијантите, извонреден го прави и асиметричниот дизајн со розев бројчаник во форма на срце.

5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП