28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung ја отфрлил шансата да го купи Android во 2004-та

Samsung ја отфрлил шансата да го купи Android во 2004-та

samsung-android

„Android“ оргинално започна како проект на Енди Рубин, како посебна компанија одделена од „Google“. Компанијата дури во 2005-та година го купи овој оперативен систем, а неговото прво вистинско влијание на пазарот се случи неколку години подоцна.

Меѓутоа, изгледа дека „Google“ не бил првиот избор на Рубин во обидот да најде средства за финансирање на „Android“. Неговиот тим првично се обидел во проектот да вклучи еден од најголемите производители на смартфони.

Енди Рубин и неговиот „Android“ тим во 2004-та година ја посетиле Јужна Кореја за да поразговараат со „Samsung“ за финансирањето на својот оперативен систем, но наместо ентузијазам, „Samsung“ најверојатно се насмеал на идеата на малобројниот тим.

Претставниците на „Samsung“ за време на состанокот буквално му се смееле на малиот тим, кој за неколку години подоцна во целост ќе го смени пазарот на паметни телефони.

По ова одбивање, Рубин се поврзал со Лери Пејџ, а „Google“ потоа и во целост го купи „Android“ од кој направија неверојатно успешен мобилен оперативен систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП