Словенечките банки се незадоволни од темпото на раздолжување на групацијата „Pivovarna Laško“ (PL) која има должи 398 милиони евра, а компанијата ќе стане несолвентна, доколку неуспее постапката за продажба на „Mercator“ на концернот „Agrokor“.
Ако се реализира продажбата на „Mercator“, „PL“ за своите 23,24 проценти од акциите на најголемиот словенечки трговски ланец би можел да добие околу 80 милиони евра, а со продажбата на „Radenskа“, т.е. новинските куќи „Delo“ и „Večer“, дополнителни 70 милиони евра и така значително да го намали својот долг кон банките кој во последните пет години е намален за 56 милиони евра.
Во спротивно компанијата би можела да стане неликвидна, особено ако не ги продаде акциите на „Mercator“, затоа што акциите на „Mercator“ на берзата и во билансните компании, според очекувањето значително ќе изгубат на вредност.
Рокот до кој „PL“ не треба на банките да им отплати рата од кредитот истекува на крајот на април, а од „Pivovarnа Laško“ бараат да „интезивираат активности“ кои би овозможиле евентуални нов репрограм на три месеци.
Групацијата „PL“ има уште еден месец за договор со банките, а во спротивно ќе стане акуелна и продажбата на компаниите од оперативната активност на групацијата, пиварите „Laško“ и „Union“.