4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕLady J - Елегантна јахта

Lady J – Елегантна јахта

jahta2

Елегантната „Lady J“ јахта крстари по светските води веќе 15 години, но по севкупната адаптација направена во 2012 година, среќните гости ќе можат да уживаат во потполно нова верзија на оваа ценета јахта.

jahta3

Искусна и внимателна послуга ќе се погрижи да им бидат исполнети сите желби на гостите.

jahta7

Главната најголема спална соба е опремена со луксузен мебел.

jahta8

Во центарот на собата се наоѓа огромен кревет, а го опкружуваат плишана софа како и работен стол и полици за книги од најквалитетно, полно дрво. Постои излез директно од оваа соба во грандиозното купатило во чиј центар се наоѓа голема џакузи. Секоја од останатите соби, исто така, има свое купатило со када и туш кабина.

jahta5

Дневните активности се можеби најдобриот дел од престојот на оваа луксузна јахта, а ги сочинуваат: сончање на палубата со џакузи, мини бар каде насмеаните и вешти бармени служат одлични коктели, дневна соба на отворено како и центар за забава.

jahta4

Главниот салон на палубата, каде гостите чекаат специјалитети од прекрасна и секогаш свежа риба, како и два скутера, скии за на вода, комплетен прибор за риболов и нуркање, кои им се секогаш на располагање на гостите, исто така претставуваат атракција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП