Вилата „Two“ е најновиот луксузен имот кој го откри престижниот хотел „Ellerman House“…
Дизајнирана е од страна на младиот архитект Мајкл Денет, таа е многу шик и се наоѓа над современата винска галерија на овој хотел во Кејп Таун во Јужна Африка. Исполнета е со природно светло и се состои од две флуидни нивоа, кои се протегаат до приватните тераси со поглед на море.
Во текот на топлите мирни денови, стаклента врата претставува имагинарна граница на затворениот и отворениот простор.
Првото ниво на оваа луксузна вила има три прекрасно декорирани спални соби, секоја има своја приватна бања, простор за работа и приватно кино.
На највисокото ниво се наоѓа просторот за забава, совршено место за поминување на време со пријателите, а тука се и отворените тераси кои водат до инфинити базенот и величествената градина.
Дизајнирана е со неверојатна вештина, а наменета е за ексклузивни и луксузни гости. Тие ќе уживаат во нејзиниот амбиент и услугите кои ги овозможуваат вработените во оваа вила.