26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Италија и Грција најмногу се работи на црно

Во Италија и Грција најмногу се работи на црно

20130207-195206.jpg

Непријавените економски активности, не сметајќи ја илегалната трговија, учествуваа со помалку од 10 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на Франција, Германија на нив отпаѓаат 12 проценти, а во Грција дури 25 отсто.

Според податоците на германскиот Институт за економски надзор (ИАВ), најзастапена практика за работа на црно во ЕУ има во Грција, потоа следува Италија, каде овој вид активност учествува со 21 отсто од БДП, пред Португалија со 19 и Шпанија со 18 проценти.

Швеѓаните, Финците, Норвежаните, Германците и Данците, исто така, во голем број работат на црно и оваа активност во овие земји достигнува 12 отсто од БДП.

Во Франција, Велика Британија, Австрија и Холандија вредноста на непријавениот труд изнесува под 10 отсто од БДП.

Швајцарците и граѓаните на САД се најдисциплинирани во тој поглед, каде работата на црно е застапена со помалку од седум отсто од БДП

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП