6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески: Нема да има корекција на даноците

Ставрески: Нема да има корекција на даноците

stavreski5

Корекција на даноците во Република Македонија нема да има и додека партијата ВМРО-ДПМНЕ ја формира Владата, ќе се задржи политиката на најниски даноци во Европа.

Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

– Даночната политика во Република Македонија е најповолна во Европа, така што корекција на даноците нема да има. Ќе се обидеме да ги задржиме на ова ниво за разлика од сите други земји коишто во меѓувреме ги зголемија, нагласи министерот Ставрески.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со кредитот од Дојче банк, добиен со гаранции од Светска банка во висина од 250 милиони евра, рече дека пред една недела се легнати средствата на државна сметка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП