3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle развива интернет конекција од 10 гигабајти во секунда

Google развива интернет конекција од 10 гигабајти во секунда

Earns Google

„Google“ најверојатно работи на нова технологија која ќе овозможи брзина на интернет до 10 гигабајти во секунда.

Ова е значително побрзо од сегашниот сервис „Google Fiber“ кој изнесува 1 гигабајт во секунда.

Судејќи според Патрик Пишет, директорот за финансии во „Google“, наредната генерација на интернет е дел од мечтите на компанијата во „пошироката и долгорочна опсесија за брзината“.

Пишет наведе дека поголемата брзина ќе ја зголеми употребата на софтверот како сервис и тоа е нешто кон што светот се движи. Тој исто така изјави дека тоа може да се случи во следните 10 години, но зашто тоа „Google“ не го направи за три? И тоа е она што компанијата го прави.

„Google Fiber“, кој овозможува брзина на интернет од еден гигабајт во секунда, моментално е достапен само за жителите на Канзас Сити, но наскоро сервисот ќе биде проширен и во Остин и Тексас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП