13 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПродажбата на Windows 8 послаба од претходната верзија

Продажбата на Windows 8 послаба од претходната верзија

windows-8-logo-9211

Оперативниот систем на „Microsoft“ – „Windows 8“ се продава многу послабо од неговиот претходник „Windows 7“, објави маркетинг директорот на „Microsoft“, Тами Релер.

Таа на технолошката конференција во Сиетел соопшти дека „осмицата“ за 15 месеци од своето претставување е продадена во 200 милиони примероци, додека „седмицата“ во првата година беше продадена во 240 милиони примероци, а вкупно во повеќе од 450 милиони.

Станува збор за првите објавени бројки за продажбата на „Windows“ во последните шест месеци.

Реалативно слабата продажба на „Windows 8“, како и на новата верзија „Windows 8.1“, се објаснува со двегодишниот тренд во падот на продажбата на персонални компјутери, додека во исто време, расте продажбата на паметни телефони и таблети.

Аналитичарите предвидуваат дека глобалната продажба на таблети следната година за прв пат ќе ја надмине продажбата на персонални компјутери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП