28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеонардо се ваќа во ПСЖ?

Леонардо се ваќа во ПСЖ?

leonardo-600

Поранешниот спортски директор на „светците“ би можел повторно да се врати на истата функција, иако истата понуда ја доби и од раководството на Интер, пренесуваат италијанските медиуми.

Леонардо работеше како спортски директор на ПСЖ во периодот од 2011-та до 2013-та година, кога си поднесе оставка по суспензијата која му ја изрече Француската фудбалска федерација.

Тој оттогаш остана без работа, а според италијанските медуми новиот сопственик на „нероазурите“, Ерик Тохир му ја понудил функцијата спортски директор на клубот од „Џузепе Меаца“.

Иако во текот на играчката кариера настапуваше за Милан, Леонардо едно време, не така успешно, работеше како тренер на Интер.

Меѓутоа, според најновите информации, 44-годишниот Бразилец од лето повторно би можел да ја зазема старата функција на „Паркот на принцовите“, затоа што токму тогаш му истекува споменатата суспензија од страна на федерацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП