26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДопингот го уништи австралискиот спорт

Допингот го уништи австралискиот спорт

doping1

Употребата на недозволени средства е „раширена“ меѓу професионалните и спортистите аматери во Австралија, се наведува во извештајот кој ја шокираше земјата.

Извештајот, кој е резултат на девет годишниот труд на водечките австралиски организации за борба против криминалот, укажува на користење на забранети средства со кои се подобруваат спортските перформанси.

„Откритието е шокантно, тоа ќе ги налути австралиските љубители на спортот“, изјави министерот за внатрешни работи Џејсон Клер, на конференцијата за новинари на која беше претставен извештајот.

„Откриено е дека користењето на средства како пептиди, хормони и забранета дрога е раширено меѓу професионалните спортисти. Зборуваме за голем број на спортисти во многу спортски дисциплини, меѓутоа зборуваме и за голем број на тимови“, изјави Клер.

„Истражувањето покажува дека пристапот до овие средства е олеснет со помош на спортските научници, тренери, спортскиот персонал, како и преку докторите и фармацевтите“, додаде Клер.

Како што изјави Клер, во некои спортови откриено е допингување на целиот тим, а тоа е застрашувачко.

Австралиската влада истакна дека ќе стори се што е во нејзина моќ за да го искорени овој проблем.

„Ако сакате да се допингувате и да бидете измамници, ние ќе ве откриеме, ако сакате да наместите некој натпревар, ние повторно ќе ве откриеме, а каде ќе бидат откриени неправилности, таму ќе има големи казни“, предупреди австралиската министерка за спорт Кејт Линди.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП