„Galactica Plus“ е супе-јахта долга 35 метри, која ја дизајнираше холандското бродоградилиште „Heesen“…
Таа е креирана како замена за помало пловило од 29 метри, па така дизајнерите од самиот почеток имале визија како ќе изгледа завршниот проект. Оваа јахта, сепак, не е само копија од споменатиот брод. Таа е многу помодерна, со освежувачки современ ентериер и нова високо квалитетна опрема. Нејзините нови елементи ја прават вистинско ремек дело и права супер-јахта.
Атмосферата на оваа луксузна јахта е топла и пријателски настроена. Шемата на дизајнот на ентериерот е многу минималистичка, со палета од бои кои се состојат од светли тонови, топли сини и сино сиви нијанси, кои само допринесуваат за удобниот амбиент. Чувството кое е константно на оваа луксузна јахта, почнувајќи од нејзиниот салон до трпезарискиот простор и апартманот за гости, е непроценлива удобност и луксуз.
„Galactica Plus“ луксузната јахта нуди сместување за осум гости, кои можат да се опуштат и да уживаат во префинетиот амбиент. Големите панорамски прозорци пропуштаат природна светлина и имаат фантастичен поглед, покрај интимната и удобна атмосфера. Гостите кои сакаат активно да го поминат своето време, уживањето ќе го најдат во екстериерниот дел на оваа јахта, кој е исполнет со разни играчки, како што се „flyboard“, „jetsurf“, тобогани и друго.
Сето ова што ви го претставивме ја прави „Galactica Plus“ јахтата вистинска супер-јахта, која има уникатен и модерен амбиент, проткаен со елеганција и луксуз.