4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел ќе ја зајакне контролата на маслиновото масло

Брисел ќе ја зајакне контролата на маслиновото масло

 

brisel

Брисел ќе ја зајакне контролата на квалитетот на маслиновото масло, со што ќе воведе санкции од 1 јануари 2014 година, во рамки на акционен план за помош во секторот за производство на масло и подобрување на неговата слика во јавноста.

Предложените правила од една страна предвидуваат јакнење на контролата за квалитет на маслиновото масло и санкции со кои сакаат да се избегнат измами, а од друга страна минимална контрола за чие спроведување земјите членки би требале да бидат известени на стандардниот начин, објасни Европската комисија во соопштението.

Предлогот кој беше изгласан во средата од страна на професионална комисија, треба да ја потврди и Европската комисијата, за да стапи на сила од 1 јануари 2014 година.

Со цел подобро да се заштитат и да се информираат потрошувачите, уште еден предлог со правила, пропишува етикетите „на најзабележителен и на најчитлив можен начин да говорат за името и потеклото на производот“.

Брисел во јуни 2012 година, предложи акционен план, чија цел е да им помогне на производителите на маслиново масло во Европската унија кои се соочуваат со пад на цените, обидувајќи се да ја зајакнат нивната конкурентност и нивната слика во јавноста, а во исто време подобро да ги информираат своите потрошувачи.

ЕУ е прв произведувач, потрошувач и извозник на маслиново масло во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП