20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа половина година издадени 53 одобренија за употреба на градежни објекти

За половина година издадени 53 одобренија за употреба на градежни објекти

adora1

Во периодот јули – декември минатата година се издадени 53 одобренија за употреба на градежни објекти, чија вредност  е проценета на 1.193.007.000 денари, објави денес Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за употреба, 40 (75,5 проценти) од вкупниот број издадени одобренија за употреба се наменети за објекти од високоградба, 8 (15,1 проценти) за објекти од нискоградба и 5 (9,4 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 53 објекти, кај 38 (71,7 проценти) инвеститори се физички лица, а на 15 објекти (28,3 проценти) деловни субјекти. Во извештајниот период е одобрена употребата на 66 станови со вкупна површина од 6.281метар квадратен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП