8 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНовите луксузни Gucci очила (фото)

Новите луксузни Gucci очила (фото)

Gucci Web Ribbon Eyewear Collection

Како лидер во светот за лускузни аксесоари и модата воопшто, „Gucci“ сега ви ја претставува „Web Ribbon“ колекцијата на очила.

Оваа колекција ја дизајнираше креативната директорка Фрида Гланини во Рим, таа му додава гламур на вашиот секојдневен стил. Главната одлика на оваа колекција е шаблонот кој се наоѓа на рамката и кој е зацврстен со злато. Тука е секако и логото на овој луксузен бренд, изгравиран на метална плакета.

Инаку, „web stripe“ е мотив кој е многу познат и кој оваа луксузна модна куќа веќе долго го користи на своите производи. Најпрво е користен на патните аксесоари во текот на 1950-тите години, а сега се наоѓа на многу нивни предмети. Како дистинктивен елемент на нивната колекција, овој шаблон совршено го отсликува нивното славно историско наследство.

Оваа колекција на очила ни претставува четири варијации, со три различни оптички рамки. Новите „ribbon“ модели се претставени во неколку облици и во повеќе тонови, а неприкосновени фаворити се „Havana“, бела, црвена, сина и црна.

Gucci Web Ribbon Eyewear Collection

Gucci Web Ribbon Eyewear Collection

Gucci Web Ribbon Eyewear Collection

Gucci Web Ribbon Eyewear Collection

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП