28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПремиера на LG G Pro 2

Премиера на LG G Pro 2

lg pro g 22

Минатонеделните неофицијални најави се покажаа како точни, компанијата „LG“ на 13-ти февруари во Јужна Кореја и официјално го претстави својот телефон „LG G Pro 2“ со екран од 5.9 инчи кој може да снима 4К записи.

„LG G Pro 2“ има дисплеј од 1920×1080 пиксели, 2.26GHz quad-core „Qualcomm Snapdragon“ процесор, „Adreno 330 GPU“, 3GB „RAM“ меморија со дополнителни 16 или 32 GB, и камера од 13 мегапиксели. Димензиите на телефонот се 157,9 × 81,9 × 8,3 mm, додека неговата тежина изнесува 172 грама.

Тоа што особено се издвојува на овој телефон е камерата, која покрај 120FPS HD видео снимки, може да снима и 4К записи. Оваа опција се истакнува и при правењето на забавена снимка, а „LG“ за таа потреба додаде и три различни начини на снимање.

Оперативниот систем на кој работи „LG G Pro 2“ e „Android 4.4“, a тука е и вградениот 1W микрофон кој овозможува 30 проценти појасен и посилен звук од својот претходник, смартфонот „LG G Pro“.

Кога заклучувањето на телефонот е во прашање, „LG“ и тука го примени и дополнително го подобри својот систем „Knock Code“, кој дозволува „86.367“ различни комбинации на „тапкање“ на телефонот.

„LG G Pro 2“ ќе биде достапен во бела, сребрена и титаниумска боја, а по претставувањето во Јужна Кореја, првата следна голема промоција ќе биде одржана во Барселона на „Mobile World Congress“, кој се одржува од 24-ти до 27-ми февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП